Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 28 март 2012, 08:45, во Македонија
Share |
Print page

Ван Хоол основаше фирма во Македонија

Ван Хоол основаше фирма во Македонија

Белгиската компанија Ван Хоол НБ која најави инвестиција во фабрика за производство на автобуси во индустриската зона Бунарџик 2, основаше фирма во Македонија. Според информациите од Централниот регистар, компанијата вчера е основана со целосен назив Друштво за производство, трговија и услуги Ван Хоол Македонија, со основачки капитал од 5 милиони евра. На основањето на фирмата се уплатени 1 милион евра. Сопственик на фирмата во Македонија е Имморц НБ од Белгија, а основна дејност на компанијата ќе биде производство на моторни возила. Управители на друштвото во Македонија се Филип Ван Хоол и Јан Ван Хоол од Белгија.

Пред еден месец од белгиската компанија најавија дека во Македонија сакаат да изградат производствен погон за автобуси, во кој сакаат да произведат 300 автобуси наменети за американскиот пазар. Нашата земја, според нив им била атрактивна за отвoрање погон поради ниските трошоци на производство.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 768


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ