ball valve replica handbags Timberland Boots PVC Vinyl Floorcovering lacoste polo dresses Coach Sunglasses christian louboutin shoes oem gucci handbags juicy couture outlet Nfl jerseys cheap shoes jordan shoes ffxi gil

| Најава  
        сабота, 31 јули 2010  
   Дома       Маркетинг       Редакција       Анкета   

 
pdf (343KB)
Фото вест
Интервју
Навигатор
Коментари и анализи
Компании и пазари
Мобилна телефонија
Тема на број
Европска унија
INVESTOR Берзи
INVESTOR
INVESTOR Банки и Финансии
INVESTOR Компании и пазари
INVESTOR Статистика
EXECUTIVES
Колумна
Светски бизнис и политика
Фељтон
Што правите бре?
Топ вести
Технологии и бизнис

СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ
   
Капитал, број 439
 Архива   Најново издание    


     

Доживеа ли македонската ИТ индустрија година на пресврт?! Кои се тенденциите на развој?   
Секторот ќе расте 20% годишно, а извозот на софтвер ќе стане топ-бизнис!
Лани македонскиот ИТ пазар пораснал силни 40% достигнувајќи вредност од 121 милион долари, а софтверските компании продале една третина од своето производство во странство. Ваквиот развој на информатичкото општество, во следните неколку години ќе се покаже преку зголемување на стапката на раст на вкупната ИТ потрошувачка во земјата, која ќе биде околу 20%, предвидува реномираната консултантска компанија IDC Adriatics
  
 
Маја Бајалска
 
 
Минатата 2007 година македонскиот ИТ пазар пораснал за силни 40% и достигнал рекордна вредност од 121 милион долари.
Ова се најновите резултати за ланските движења на македонскиот ИТ сектор, што ги измери специјализираната консултантска компанија IDC Adriatics, во нејзината најнова студија за македонскиот ИКТ пазар 2007-2011 година. Иако станува збор за истражување кое сe уште не е во целост објавено, неговото резиме може да се прочита на веб- страницата на IDC Adriatics.
Иво Ивановски
“Со сите напори се трудиме да помогнеме во едуцирањето на високообразованите ИТ кадри, да го поттикнеме претприемништвото кај нив, со цел еден ден и Македонија да стане како Естонија или Романија, чии економии се развија благодарение на брзиот раст на нивните ИКТ индустрии”, потенцира министерот за развој на информатичко општество Иво Ивановски. Ивановски минатиот месец беше во официјална посета на Естонија, земја чија посткомунистичка економија пред 10 години се разви благодарение на силниот развој на бизнисот со софверски услуги. 
Тони Петрески
“Стратегијата на МАСИТ е да го поддржи развојот на домашните мали и средни ИКТ фирми. За да успееме во тоа, неопходно е во соработка со академската средина да го приближиме едуцирањето на новите ИКТ кадри кон практичните потреби на компаниите. Токму затоа и ја заговараме идејата за формирање Технолошки парк. Таму би влегле голем број домашни и странски реномирани компании, а се надеваме дека ќе може да се смести и новиот ИКТ државен универзитет, чие формирање Владата веќе го најави пред неколку месеци. Целта е студентите да можат во секое време да имаат практична работа, а истовремено да можат да се вратат назад на факултет да го доразвијат своето знаење. Доколку студентите одлучат да основаат сопствен бизнис, а компаниите препознаат добра идеја кај нив, ќе може да инвестираат во тие студенти и компании. Тоа е единствениот начин за отворање на нови и развој на постоечките ИКТ компании”, вели Тони Петрески, претседател на Собранието на МАСИТ.
“Високиот раст на пазарот, кој претходната 2006 година, тежеше 83 милиони долари, во најголем дел е поттикнат од големите државни вложувања во образовниот сектор “, се вели во студијата на IDC Adriatics.
Студијата изобилува со поволна “временска прогноза” и влева голем оптимизам за идниот развој на македонската ИКТ индустрија.
Така, според прогнозите на IDC Adriatics македонскиот ИТ пазар во следните пет години ќе порасне повеќе од двојно. Односно, ако во 2006 година ИТ пазарот тежел 83 милиони долари, со здрав бран на растеж од 13%, во 2011 година ќе достигне вредност од 206 милиони долари. Додека, вкупната ИТ потрошувачка, во следните неколку години ќе расте со стапка од околу 20%.
“Високата стапка на ИТ потрошувачка во Македонија се очекува да продолжи и во следните години, а очекувањата се темелат на економскиот раст на земјата, државните иницијативи за развој на информатичкото општество, странските инвестиции во овој сектор, реформите во државната администрација и државните претпријатија, како и придобивките кои земјата ќе ги добие со членството во НАТО и ЕУ”, образложуваат од IDC.
Борис Житник, директорот на IDC Adriatics потенцира дека минатата година од целиот македонски ИТ пазар значаен напредок постигнал сегментот на ИТ услуги.
“Хардверот и натаму претставува главна компонентна на македонскиот ИКТ пазар, каде вложувањата во 2007 година пораснале за 69%. Но иако хардверот доминира во вкупната потрошувачка, што ја одразува незрелоста на пазарот, софтверските компании лани извезле дури една третина од своите услуги во странство, а вредноста на тој пазар е 25 милиони долари”, објаснува Житник.
Според Васко Кроневски, претседател на Управниот одбор на МАСИТ и директор на компанијата Некстсенс, во 2006 година обемот на работа на македонските софтверски компании пораснал за 55%, додека на хардверските за 2,5%.
“Бидејќи во истиот период не е забележан некој поголем наплив на нови софтверски компании на пазарот, ова директно покажува дека компаниите едноставно имале повеќе нарачки од нивните партнери”, вели Кроневски.
Ако се земе овој податок, како и фактот дека софтверските услуги имаат најголема додадена вредност, слободно може да се прогнозира дека во нив лежи топ- бизнисот на иднината за македонската економија.
 
Растот создаде општ оптимизам
Позитивни оценки за ланското работење на ИКТ индустријата, како и за владините иницијативи на тој план, дадоа и домашните ИТ здруженија и компании.
“Во МАСИТ ги поздравуваме сите иницијативи на Владата кои се однесуваат на развојот на информатичкото општество, затоа што пред се придонесоа целата македонска јавност да разбере дека имаме ИКТ индустрија која со својот капацитет може да биде носител на развојот на целата економија”, вели Тони Петревски, претседател на Собранието на МАСИТ и директор на фирмата Инет.
Татјана Бошевска, косопственик и оперативен директор на Логин системи, вели дека како резултат на владините кампањи за развој на информатичкото општество, навистина може да се забележи големо раздвижување на пазарот.
“Сметам дека кампањата со студентските ваучерите беше голема придобивка за многуте фирми кои беа вклучени и кои како резултат на тоа ќе имаат можност за раст. Но, покрај моменталните ефекти врз пазарот, ваквите активности ќе имаат и долгорочно позитивно влијание бидејќи ќе создадат нови потреби кај граѓаните”, објаснува Бошевска.
Владата ќе финансира претприемачки е-бизниси
До крајот на април Владата ќе објави конкурс за избор на најдобар бизнис план за е-бизнис, проект за кој е формиран посебен фонд тежок 50.000 евра.
“Овој проект го осмисливме во насока на поттикнување на претприемништвото и електронската трговија. Целта ни е во следниот период да избереме најдобар бизнис план за е-бизнис и да финансираме неколку бизниси во почеток, кои ќе бидат засновани на промоција преку Интернет”, објаснува министерот Иво Ивановски.
 
Интернет пенетрацијата за 2007 ќе надмине 20%!
  • Министерот за информатичко општество Иво Ивановски очекува дека Интернет пенетрацијата во домовите на граѓаните за цела 2007 година ќе надмине 20%. Прогнозира дека Интернет пенетрација од 17% измерена во првите месеци од годината, до крајот на годината ќе стане 23%, а тоа ќе биде добар показател за владината работа.
  • Network Readiness index или Индекс за мрежна подготвеност на земјата од 3,41, покажува колку Македонија е подготвена да учествува и да оствари ИКТ развој . Македонија се наоаѓа на 81 место на листата на 121 земја, со вредност на индексот 3,41. Земјата е пред БиХ, и Албанија, а после Словенија (30), Хрватска(46), Романија(55), Бугарија (72) и Србија (74).
  • Според IDC Adriatics хардверот во вкупната ИТ потрошувачка во 2007 година учествувал со две третини и вредел 80 милиони долари, а перспективните софтверски услуги зафаќале една третина и тежеле 25 милиони долари.
 
 
 


Слични статии:


Како да го оптимизирате проект портфолио менаџментот
   


 
Моментално посетители: 28
 Вкупно посетители: 5464893

               
  Пребарај

© 2007 Капитал, сите права се задржани